АВРМ: Стартуваат обуките за напредни ИТ вештини
Од АВРМ ги повикаа невработените, во следните 10 дена да се пријават за следење на обуките, кои траат од 3 до 6 месеци...

Агенција за вработување ги почнува годинашните обуки за напредни ИТ- вештини. Од оваа институција ги повикаа невработените, во следните 10 дена да се пријават за следење на обуките, кои траат од 3 до 6 месеци.
„Овој оглас е наменет за оние кои имаат дарба и предзнаење за програмирање, а немаат средства да си го купат меѓународниот сертификат кој е многу битен за наоѓање работа. Досега преку овие обуки поминале над 1.000 луѓе, а според нашите информации, над 500 лица се имаат вработено“, изјави директорот на АВРМ, Влатко Поповски.
Поповски ги повика сите невработени лица во наредните со средно или високо образование, кои сметаат дека имаат знаење да се пријават на овој оглас.
