Во Стразбур без изненадувања

06.02.2014 11:02

На пленарната сесија на Европарламентот уште еднаш беше повикан...

На пленарната сесија на Европарламентот уште еднаш беше повикан советот на ЕУ да утврди датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во заедницата.

Ова беше последна дебата за напредокот на земјава во овој состав на Европарламентот која се одржа доцна ноќеска.

„Се гордеам што претставив извештај во Европарламентот кој без одложување бара почеток на преговори со Македонија. Исто така, среќен сум што беше најден консензус за изборниот закон и што беше воспоставен дијалог меѓу медиумите и владата, а буџетот беше донесен во нормална парламентарна процедура“, рече известувачот за Македонија, Ричард Ховит.

Акцентот според Ховит е ставен врз интеграцијата, образованието и меѓуетничките односи. Тој предлага Европската комисија да и додели на Македонија статус на ,,функционална пазарна економија“ со што, според него, ќе бидат гарантирани странските инвестици.