Белград и Приштина ја спуштаат топката, дијалогот продолжува
Србија и Косово го продолжуваат дијалогот и ја спуштаат топката. За следниве денови се најавени средби на високо ниво.

Претседателите и премиерите на Србија и на Косово по состанокот во Брисел со Федерика Могерини -се договорија да го продолжат дијалогот по тензиите во изминатиот период.
„Се договоривме да го продолжиме дијалогот на високо ниво во наредните денови. Ќе се обидеме да ги намалиме тензиите меѓу двете страни и да ја спуштиме топката со одговорно однесување“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.
Според него, разговорите биле отворени, но и тешки, на теми за кои и Белград и Приштина имаат спротивставени позиции.
Според Хашим Тачи, Косово во иднина нема агресивно да одговара на провокациите, туку според уставот и законите.
Се огласи и висаката преставничка на ЕУ- Федерика Могерини која констатираше дека
двете страни се договориле да продолжат со дијалогот во духот на почитување, соработката и на меѓусебното разбирање. Решивме во следниот период да одржиме серија состаноци во рамките на дијалогот на високо ниво- порача Могерини.
По повеќемесечниот застој, синоќешниот дијлаог меѓу Белград и Приштина во Брисел се реализира со посредство на ЕУ, и со учество на највисоко ниво меѓу претседателите и премирите и на Србија и на Косово.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
