Побезбедни работни места со целосна примена на Законот
Еден работник неделно гине на работното место, посочуваат од Македонското здружение за заштита при работа. Лани се регистрирани 144 несреќи, 39 со фатални последици. На заедничка маса социјалните партнери- дебатираат за изнаоѓање решенија и како во целост да се применува Законот за безбедност при работа.

Извештаите за несреќи при работа го вклучија алармот за подигање на културата и свеста кај работодавците. Еден работник неделно гине на работно место, посочуваат од Македонското Здружение за заштита при работа. Во 2015-та регистрирани 144 несреќи, 39 со фатални последици. На заедничка маса социјалните партнери дебатираат за изнаоѓање решенија за побезбедни работни места, кој велат се во полза на работодавачите.
Од Организацијата на работодавачи уверуваат дека е неопходно во целост да се применува Законот за безбедност при работа, а не формално. Тврдат, поставените цели во него не се постигнати.
Заедничкото делување на социјалните партнери е важно за да се обезбедат работни места сигурни за работниците и да се намали бројот на несреќи. Сметаат дека се решливи сите проблеми, само недостига волја за спроведување на Законот.
Законот за безбедност и здравје при работа е донесен во 2007 година. Со неговите измени е зајакната улогата на претседателот на Синдикатот. Двапати годишно треба да врши контрола на работните места и да биде информиран за сите видови повреди. Со негова примена, македонскиот работник ќе биде поздрав и попродуктивен на своето работно место, констатираа социјалните партнери.
Наташа Гркова- Петрушевска
