Нови 170 големи даночни обврзници

25.01.2017 15:06

Уште 170 компании ги исполнија критериумите за влез во групата на големи даночни обврзници, за кои се грижи посебна дирекција во Управата за јавни приходи. Во нив влегуваат фирми од нафтената индустрија, енергетиката, металургијата, сите банки, осигурителните и лизинг компаниите, странските инвестиции, позначајните јавни претпријатија. Сите тие се издвојуваат според годишниот бруто промет, вкупно платените даноци, остварените финансиски резултати.

Уште 170 компании ги исполнија критериумите за влез во групата на големи даночни обврзници, за кои се грижи посебна дирекција во Управата за јавни приходи. Во нив влегуваат фирми од нафтената индустрија, енергетиката, металургијата, сите банки, осигурителните и лизинг компании, странските инвестиции, позначајните јавни претпријатија. Сите тие се издвојуваат според: годишниот бруто промет, вкупно платените даноци, остварените финансиски резултати и бројот на вработени.

„Според податоците заклучно со декември 2016-та уделот на големите даночно обврзници кои се администрираат преку Дирекцијата за големи даночни обврзници во полнење на државната каса изнесува 44,42% што доволно говори за успехот, оправданоста и третманот што го нудиме на оваа категорија даночни обврзници“, изјави Анастасија Илиеска, директор на Управата за јавни приходи.

„Минатата година сме оствариле 31 милијарда и 506 милиони денари вкупен приход во буџетот од страна на Дирекцијата за големи даночни обврзници, која споредбено со минатите години е далеку повисока апсолутна бројка“, вели Оливер Деркоски, управник на Дирекцијата за големи даночни обврзници при УЈП.

Бројот на фирми квалификувани како големи даночни обврзници достигна 435 и е за три пати поголем од 2006, кога беше формирана оваа дирекција. Овој податок,според ресорниот министер Кирил Миноски, говори доволно за развојот на капацитетите на дирекцијата, но и за економскиот развој на земјава. Постојаните реформи во даночната сфера го подобруваат економскиот амбиент во земјава, се намалува даночното оптоварување на компаниите и се олеснува даночната процедура, вели Миноски.

„Во изминатиот период се направени голем број реформи за поедноставување на стопанисувањето во оваа сфера и бројот на процедури за плаќање на даноците од 54 во 2006 се сведени на седум процедури, а ефективната даночна стапка од 40 проценти е намалена на 13 проценти“, вели министерот за финансии, Кирил Миноски.

Од УЈП велат дека на големите даночни обврзници им нудат проактивен пристап и партнерски однос, континуиран мониторинг и помош при олеснето даночно администрирање, имајќи ги во вид нивниот потенцијал и значењето за економскиот развој на земјата.

 

Свето Николоски