Се зголемува бројот на заболени од рак на грло на матка
Околу 300 жени годишно во земјава заболуваат од рак на грлото на матката. За половина од нив, болеста е фатална. Според лекарите единствен начин да се спречи оваа болест се редовните гинеколошки прегледи со ПАП тестови, но и вакцинацијата.

Околу 300 жени годишно во земјава заболуваат од рак на грлото на матката- за половина од нив, болеста е фатална. Лекарите забележале дека жените од руралните средини и од социјално- ранливите категории најчесто заболуваат од рак на грлото на матката. Тие немаат пристап до скрининг програмите и се недоволно информирани.
Единствен начин да се спречи оваа болест се редовните гинеколошки прегледи со ПАП тестови, но и вакцинацијата. ХПВ вакцината во Македонија е задолжителна за девојчиња на 12- годишна возраст.
ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува пореку сексуален однос. Во земјава, ракот на грлото на матката е меѓу најчестите малигни заболувања и втора причина за смрт од рак кај жената, после ракот на дојка.
Ракот на грлото на матката е и глобален проблем. Во светски размери годишно се регистрираат околу 500 илјади нови случаи, а дури 300 илјади завршуваат со смрт.
Андријана Атанасовска
