Починат бездомник во Битола, најдени траги на насилство

25.01.2017 16:51

Настанот е пријавен од друг бездомник, кој заедно со сега починатиот престојувал во објектот.

Во Битола е пронајден починат бездомник. Надлежен обвинител извршил увид во руинираната куќа каде што бил пронајден машкиот труп. На него имало видливи траги на насилство. Преземени се дејства за утврдување на причините за смртта.

Настанот е пријавен од друг бездомник, кој заедно со сега починатиот престојувал во објектот. По наредба на јавниот обвинител, извршен е стручен лекарски преглед и на пријавителот, кој поради телесни повреди е хоспитализиран.