Европската погранична стража ќе се справува со мигрантите во Македонија и во Србија

26.01.2017 10:17

Комисијата предводена од Жан Клод Јункер ги избра Македонија и Србија како приоритетни од државите што не се ЕУ- членки и побара денеска од Европскиот совет да одобри отворање преговори со македонските и српските власти за добивање дозвола за изведување операции на тимовите на Агенцијата за европска граница и крајбрежна стража против мигрантскиот наплив.

Европската погранична стража ќе се справува со мигрантите и во Македонија и во Србија. Договорот за овој статус-модел беше усвоен од Еврокомисијата во ноември 2016-та година.

Комисијата предводена од Жан Клод Јункер ги избра Македонија и Србија како приоритетни од државите што не се ЕУ- членки и побара денеска од Европскиот совет да одобри отворање преговори со македонските и српските власти за добивање дозвола за изведување операции на тимовите на Агенцијата за европска граница и крајбрежна стража против мигрантскиот наплив.

Три месеци по основањето на Агенцијата, веќе се завршени важни чекори, задолжителна мобилизација на граничари кои се подготвени и опремени за брза реакција, како и тимови за интервентно враќање на мигрантите.

Во моментов, Агенцијата има повеќе од 1.550 полицајци распоредени како поддршка на земјите-членки на нивните надворешни граници.