Што ќе се финансира од првата мерка на ИПАРД 2?

26.01.2017 10:21

Земјоделците можат да се подготвуваат за аплицирање на новиот ИПАРД оглас кој треба да биде објавен во текот на овој месец. Мерките за кофинансирање на растителното производство се однесуваат за сите култури освен за тутунот. За набавка на механизација, тракторите кои ќе се купуваат треба да бидат со моќност од 40 до 150 киловати, а комбајните нема да се финансираат.

Во ИПАРД 2 мерките од растителните куптури приоритетно ќе биде производството на житарици, индустриски и градинарски растенија, овоштарници, лозја, трпезно грозје и маслинки.

Во сточарството ќе се финансира одгледувањето на говеда, свињи, овци и кози, бројлери и несилки.

Прифатливи инвестиции се и изградба или реконструкцијата на објекти и фарми, оранжерии, складови за чување на храна и храна за добитокот, амбари или силоси. Пари ќе има и за магацини, ладилници, калибратори и пунктови за продажба.

Исто така ќе се финансира и подигнување на повеќегодишни насади, инвестиции во наводнувањето, во бунари и во ситстемите капка по капка.

Најниската вредност на вкупни прифатливи трошоци е 3.000, максималната е 1.500.000 евра.

 

Методија Трајков