Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот

26.01.2017 09:29

На настанот ќе се обратат заменик - претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ...

Комеморативна церемонија по повод 27 јануари, Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот, ќе се одржи денеска во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

На настанот ќе се обратат заменик - претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ, амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли, амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски и Сарале Гутман од Израел, ќерка на Гита Шами, единствената Еврејка од Македонија која го преживеала Холокаустот во логорот Аушвиц-Биркенау.