Олимпијада

Натпреварувачки, Олимпијадата започна

06.02.2014 11:31

Започна натпреварувачкиот дел од Олимписките зимски игри во Сочи...

Започна натпреварувачкиот дел од Олимписките зимски игри во Сочи. Првото излегување на олимписките борилишта го имаа учесниците во сноуборд, во дисциплината слоупстил. Најуспешен во квалификациите беше Норвежанецот Стале Сандбех.
 
Еден ден пред Свеченото отворање на  Игрите, излез на натпреварувачкиот полигон ќе имаат репрезентите  уште во два спорта. Од програмата на акробатското скијање ќе се одржат квалификациите во машкиот дел од дисциплината могулс.
 
„Ајсберг палатата“ за уметничко лизгање ги отвора  вратите за првите настапи на лизгачите со нивната куса програма  и за учесниците во екипни двојки.