Пронајдени 29 жртви од лавината во Италија

26.01.2017 11:00

11 луѓе се спасени, меѓу кои и 4 деца. Несреќата беше предизвикана од серија земјотреси.

Вкупниот број загинати во хотелот во централна Италија кој беше затрупан од лавина се зголеми на 29. 11 луѓе се спасени, меѓу кои и 4 деца. Несреќата беше предизвикана од серија земјотреси.

„Се исплашивме од земјотресите. Сакавме да одиме дома. Чекавме во лобито. Персоналот не упати во една просторија каде што имаше камин, чекавме да дојдат да не земат. Јадевме снег“, изјави Џорџија Галаси.

„Слушнавме силен звук, па се се урна. Јас претходно ги ставив куферите во автомобилот, веќе се одјавивме“, изјави Винченцо Форти.

Експертите проценија дека лавината носела 120.000 тони снег кои удриле во хотелот со брзина од 100 км/ч.

Правосудството води истрага за околностите и ризиците кои можеше да се избегнат.