Пронајдено лице кое починало под неразјаснети околности

26.01.2017 10:26

Полицијата извршила увид на лице место, а подоцна увидот го преземало јавното обвинителство, кое наредило да се изврши обдукција на телото, велат од МВР.

Во неготинското село Пепелиште вчера попладне било пронајдено починато средовечно лице во својот дом, чија смрт била под неразјаснети околности, информираат денеска од МВР.

Оттаму соопштуваат дека во полициската станица од Неготино, за пронајденото починато лице со иницијали О.А. родено 1969 година, пријавил лекар од итната медицинска помош.

Од страна на лекарот од итна медицинска помош бил извршен преглед над лицето и констатирана смрт. Полицијата извршила увид на лице место, а подоцна увидот го преземало јавното обвинителство, кое наредило да се изврши обдукција на телото, велат од МВР.

Вистинските причини за смртта ќе се знаат дополнително по извештајот од судска медицина, а дотогаш куќата на лицето починато под неразјаснети околности, е запечатена.