Вестрбук со 60. трипл-дабл го помина Бирд на вечната листа
26.01.2017 12:18
Следен пред Вестбрук е Вилт Чембрлен со 78 трипл-дабл ефекти, а убедливо на првото место е Оскар Робертсон со 181.
Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбурк ноќеска го оствари 60. трипл-дабл ефект изби на петтата позиција во историјата на НБА, оставајќи го зад себе легендарниот Лери Бирд на 59 тројни ефекти.
Следен пред Вестбрук е Вилт Чембрлен со 78 трипл-дабл ефекти, а убедливо на првото место е Оскар Робертсон со 181.
Вестбрук во победата над Јута ноќеска учествуваше со 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции.
