Изгоре конфекција во Кочани

06.02.2014 11:35

Во пожар изгоре во целост конфекцијата „Колор Д“ во Кочани. Направена е голема материјална штета.

Изутринава околу 8 часот и 40 минути додека работела првата смена избувнал пожар во одделот за готови конфекциски единици на Конфекцијата „Колор Д“ од Кочани, која е сместена во зградата на компанијата Тигар метал.

Во пожарот е направена голема материјална штета.
 
Зградата во која избувна пожарот е осигурана во осигурителна компанија, додека конфекцијата која страдаше во пожарот е без потребнотро осигурување. 
 
Киро Герасимов