Предлози за подобрување на квалитетот на воздухот
Од Министерство за животна средина велат дека ќе ги преполоват службените возила за да придонесат кон решавање на проблемот...

Патот до почист воздух во земјата е во рацете на секој граѓанин, порача шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар. На завршната конференција на Твининг проектот за квалитетот на воздухот, апел- да се преземат мерки за воведување пар-непар.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека проблемот со квалитетот на воздухот не знае за граници и ЕУ ги поддржува властите во изнаоѓање и менаџирање на мерки и планови за справување со загадувањето на амбиенталниот воздух. Посочи дека квалитетот на воздухот треба да биде висок приоритет и на национално и на локално ниво и дека е неопходна постојана посветеност на властите и институциите, малите и големите бизниси и на самите граѓани за подобрување на воздухот.
Од Министерство за животна средина велат дека ќе ги преполоват службените возила за да придонесат кон решавање на проблем со аерозагадувањето. Предлагаат истото да го направат и другите министерства.
