Комеморација по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот

26.01.2017 13:23

Холокаустот со своите психолошки, социолошки, демографски, политички, а пред се и лични аспекти ќе остане трајна тема на одбележување, сеќавање, изучување и истражување.

Холокаустот не треба да се заборави, туку да се извлечат поуки за младите- никогаш да не се повтори. Во Министерството за надворешни работи комеморативна церемонија по повод Меѓународниот ден на сеќавањата на холокаустот.

Холокаустот со своите психолошки, социолошки, демографски, политички, а пред се и лични аспекти ќе остане трајна тема на одбележување, сеќавање, изучување и истражување. Грижата за сопственото минато е одлика на цивилизираниот свет, прашање на човечност и наша историска одговорност. Во таа смисла РМ ќе продолжи со ангажманот во насока на интензивирање и збогатување на активностите на сите полиња кои се поврзани со сеќавањето на жртвите од холокаустот, порача Попоски.

Претседателот на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо Николиќ истакна дека денеска е денот кога треба да се потсетиме на шесте милиони Евреи, меѓу нив и 7.114 од Македонија кои беа жртви на една идеолошка омраза – холокаустот.

Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли истакна дека на овој ден им се одава чест и сеќавање на оние чија иднина никогаш не дојде. Тоа им го должиме на сите нив за светот никогаш да не толерира такво зло уште еднаш, посочи Бејли.

Израелскиот амбасадор Дан Оријан порача дека дека треба да обезбедиме да се сеќаваме на секоја една жртва на холокаустот. Потсети дека Македонија беше прва на Балканот која донесе и го спроведе законот за еврејските имоти, пример кој вели, ќе го следи и Србија.

Пред присутните се обрати и Сарале Гутман од Израел, ќерка на Гита Шами, единствената Еврејка од Македонија која го преживеала Холокаустот во логорот Аушвиц-Биркенау.