Екипите на Град Скопје интензивно работат на расчистување на снегот

26.01.2017 14:23

Како што информираат од Град Скопје, за чистење на тротоарите на улиците и булеварите, како и на плоштадите и јавните површини, ангажирани се 158 работници од ЈП „Комунална хигиена“ кои се на терен во три смени со луѓе и со механизација.

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и од тротоарите на градските улици и булевари.

Како што информираат од Град Скопје, за чистење на тротоарите на улиците и булеварите, како и на плоштадите и јавните површини, ангажирани се 158 работници од ЈП „Комунална хигиена“ кои се на терен во три смени со луѓе и со механизација.

Од Градот, апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.