Ван Дер Белен: Ќе бидам претседател на сите граѓани

26.01.2017 14:42

По положувањето заклетва, истакна дека сака да биде претседател на сите граѓани, оценувајќи дека Европската Унија е мировен проект во кој треба да се вложи напор за да се зачува...

Новиот претседател на Австрија, Александер Ван Дер Белен во своето прво обраќање до јавноста, по положувањето заклетва, истакна дека сака да биде претседател на сите граѓани, оценувајќи дека Европската Унија е мировен проект во кој треба да се вложи напор за да се зачува.

Се заложи за промени кои би донеле бенефит за граѓаните, а тоа е, како што истакна, можно само ако постои единство.

Тој нагласи дека како претседател нема да се обраќа еднаш неделно, бидејќи нема намера да собира политички поени, туку да биде достапен за граѓаните.