НБА Лига

Окалхома Сити прва до четириесет !

06.02.2014 11:43

На нешто повеќе од една недела пред ол-стар викендот во Кливленд, Оклахома Сити е првата екипа во НБА Лигата со 40 победи во годинашната сезона. Во 51.натпревар славеше над Минесота со 106-97, потврдувајќи го водството на Запад. Како и најчесто досега, Кевин Дурант беше инспиратор на успехот на Тандер, овој пат со ефект од 26 поени, девет скокови и седум асистенции. Реџи Џексон придонесе со 20, а Серж Ибака со 14 коша во 22.победа на домашен терен. Во Оклахома досега Тандер имаат само три порази сезонава.

Перо Антиќ и натаму отсуствува од тимот на Атланта, којашто загуби во Њу Орлеанс со 105-100. За Хоукс ова беше втор пораз по ред, а 23-ти досега, но се уште имаат со позитивен биланс, бидејќи имаат 25 победи и се на четвртата позиција на Исток. Ентони Дејвис забележа 27 коша и десет скокови за Пеликанс, додека Пол Милсап со 26 поени беше предводник на Атланта со 26 поени.

Мајами на гости го доби дербито со ЛА Клиперс со 116-112, откако Леброн Џејмс беше блиску до „трипл-дабл“ со 31 поен, 12 асистенции и осум скокови. Попусти на тимот од Лос Анџелес му беа 43-те коша и 15-те скокови на Блејк Грифин.

Во најнеизвесната пресметка во ноќта, по две продолженија Сан Антонио го совлада Вашингтон со 125-118. Тим Данкан ги понесе Спарс со 32 поена и со 11 скокови, а на спротивната страна Џон Вол застана на 29 коша.

Во преостанатите натпревари изминатата ноќ: Филаделфија – Бостон 108-114, Кливленд – ЛА Лејкерс 108-119, Орландо Детроит 112-98, Њујорк – Портланд 90-94, Сакраменто – Торонто 109-101, Денвер – Милвоки 110-100, Хјустон – Феникс 122-108 и Мемфис – Далас 96-110.