Сеќавање на жртвите од холокаустот: Да не се заборави и да се извлечат поуки
Холокаустот не треба да се заборави, туку да се извлечат поуки за младите – никогаш да не се повтори. Во Министерството за надворешни работи комеморативна церемонија по повод Меѓународниот ден на сеќавањата на холокаустот.

„Го помнам логорот. Пред моите очи повторно ја видов машината на смртта, чиj крај не може да се види од хоризонтот. Длабоко во себе посакував повторно да се сретнам со саканите, но морав да се соочам со горчливите вести дека ниедна душа од моето семејство не преживеа.“ Ова се сеќавањата на Гита Шами, единствената еврејка од Македонија која го преживеала холокаустот во Аушвиц. Нејзината животна приказна е преточена во книга од ќерка ѝ Сарале Гудман. Преку неа посакува злоделата на холокаустот никогаш да не се заборават.
Македонија е посветена на зачувувањето на споменот и историската одговорност за холокаустот, вели министерот за надворешни работи, Попоски. Грижата за сопственото минато е одлика на цивилизираниот свет и наша историска одговорност, вели тој.
На овој ден им се оддава чест и сеќавање на оние чијашто иднина никогаш не дојде. Тоа им го должиме за светот никогаш повеќе да не толерира такво зло, посочија американскиот и израелскиот амбасадор во земјава, Бејли и Оријан.
Израелскиот амбасадор на комеморацијата по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот потсети дека Македонија беше прва земја на Балканот што го донесе и го спроведе законот за еврејските имоти.
Наташа Гркова- Петрушевска
