Берлин: Тинејџерка осудена на шест години затвор

26.01.2017 15:33

Иако има 16 години и се води како малолетна, в затвор ќе мора да помине шест години...

Симпатизерка на терористичката организација Исламска држава е осудена на шестгодишна затворска казна, откако во февруари минатата година на главната железничка станица во Хановер со нож нападнала полицаец. 

Иако има 16 години и се води како малолетна, в затвор ќе мора да помине шест години. Според обвинителството девојката нападот го извршила по нарачка Исламската држава.