Виена: Осуммина приведени поради можни врски со ИД
26.01.2017 15:38
Извршен е претрес на повеќе станови, а во Грац бил извршен претрес и во една џамија. Во акциите учествувале 800 полицајци.

Австриската полиција привела осум лица во текот на рациите спроведени во Виена и во Грац во рамките на истрагата за можните врски со екстремистичката Исламска држава.
Извршен е претрес на повеќе станови, а во Грац бил извршен претрес и во една џамија. Во акциите учествувале 800 полицајци.
Австриското министерство за внатрешни работи одби да даде повеќе информации за акцијата која е во тек.
