Преполовен бројот на заболени од грип

26.01.2017 16:35

Минатата недела биле пријавени околу 2.400 новозаболени. Оваа недела најмногу грипосени се регистрирани во Ресен, грипот се уште има висока активност во Охрид, Битола, Прилеп и во Кавадарци. Валандово е единствениот град во кој што оваа недела нема ниту еден заболен.

Се преполови бројот на заболени од грип, а за три пати се намали бројот на болни деца на возраст од 14 години- покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.

Минатата недела биле пријавени околу 2.400 новозаболени. Оваа недела најмногу грипосени се регистрирани во Ресен, грипот се уште има висока активност во Охрид, Битола, Прилеп и во Кавадарци. Валандово е единствениот град во кој што оваа недела нема ниту еден заболен.

Од почетокот на сезоната од вирусот се разболеа 31.732 граѓани, две деца на возраст од три и четири години починаа од компликации предизвикани од грипот.