Американска донација на опрема за справување со поплави

27.01.2017 08:14

Опремата се состои од елестични водотпорни одела, гумени чизми, заштитни маски со филтер, батериски ламби за на чело и рефлектори за поплави.

Дирекцијата за заштита и спасување денеска од Амбасадата на Соединетите Американски Држави ќе прими донација - опрема за справување со последици од поплави.

Опремата се состои од елестични водотпорни одела, гумени чизми, заштитни маски со филтер, батериски ламби за на чело и рефлектори за поплави. Донираната опрема ќе биде употребена при справување со  поплави доколку за тоа има потреба, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Официјалното примопредавање ќе биде придружено и со потпишување договор меѓу Амбасадата и Дирекцијата.