Претседателот Иванов во Струга приредува прием за дипломатскиот кор
Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак, ќе се обратат на приемот организиран по повод Новогодишните и Божикните празници. Претседателот и амбасадорите утре ќе ја посетат Општина Вевчани, црквата „Св. Никола“ и Вевчанските извори.

Традиционален прием за дипломатскиот кор приредува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во Струга, на кој што ќе присуствуваат воените аташеа, претставниците на меѓународните организации и почесните конзули акредитирани во земјава.
Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак, ќе се обратат на приемот организиран по повод Новогодишните и Божиќните празници.
Претседателот и амбасадорите утре ќе ја посетат Општина Вевчани, црквата „Св. Никола“ и Вевчанските извори.
Традиционалниот прием изминатите години беше приредуван во Битола, Крушево, Гевгелија и во Берово.
