Стартува агенцијата independent.mk
Почна со работа новата новинска агенција independent.mk, која ќе објавува вести само на англиски јазик. Информациите кои таа ќе ги пласира првенствено се наменети за странските дипломатски претставници во Македонија, како и на нашите сонародници во странство, кои го загубиле контактот со македонскиот јазик. На свеченоста по тотој повод присуствуваа претставници на допломатскиот кор во земјава и на медиумите.
Д-р Срѓан Керим, поранешниот македонски амбасадор во Германија нагласи дека тоа е пример за соработка во регионот.

- Ова е резултат на конкретна соработка со бугарските партнери и ќе биде проект кој ќе овозможи и зближување во регионот, рече Керим.
Британскиот амбасадор Криостофер Ивон во име на дипломатскиот кор изрази задоволство од тоа што медиумот ќе емитува вести на англиски јазик.
Главната уредничка на агенцијата Ивана Костовска додаде дека квалитетот во работата ќе биде императив.
Лидија Чакар