Тереза Меј во посета на САД
Меј имаше обраќање пред конгресмените репубиканци во Филаделфија, пред првата средба со новиот американски претседател Доналд Трамп.

„САД и Велика Британија имаат одговорност да воспостават специјални трансатлантски односи на почетокот на една нова ера и се должни повторно заедно да го водат светот“, изјави британската премиерка Тереза Меј, која е во прва посета на САД во оваа функција. Меј имаше обраќање пред конгресмените репубиканци во Филаделфија, пред првата средба со новиот американски претседател Доналд Трамп.
„Светот минува низ период на промена и како одговор двете земји можат или да останат странични набљудувачи или да ја искористат шансата повторно да ја играат водечката улога во светот, заедно, како во времето на формирањето на ОН, НАТО и други меѓународни организации“, изјави Меј.
Таа ги повика двете земји да бидат единствени за да се соочат со новите предизвици - подемот на економиите во Азија, кои би можеле да го засенат Западот, заканата од исламскиот екстремизам и агресивноста на Русија.
