Концерт на Македонската филхармонија во чест на Саша Николовски-Ѓумар

27.01.2017 11:01

Концертот, како што информира Македонската филхармонија, ќе донесе комплексна музика и врвна изведба. Под диригентската палка на маестро Емил Табаков од Бугарија, оркестарот ќе ги изведе Увертирата од операта „Танхојзер“ и Прелудиум и смрт од „Тристан и Изолда“ од германскиот композитор Рихард Вагнер.

Македонската филхармонија на 2-ри февруари во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Поезија и драма“, кој ќе биде посветен на прерано починатиот, еден од најистакнатите македонски музички уметници, диригентот Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017).

Концертот, како што информира Македонската филхармонија, ќе донесе комплексна музика и врвна изведба. Под диригентската палка на маестро Емил Табаков од Бугарија, оркестарот ќе ги изведе Увертирата од операта „Танхојзер“ и Прелудиум и смрт од „Тристан и Изолда“ од германскиот композитор Рихард Вагнер.

Солист на концертот ќе биде еден од најистакнатите млади македонски пијанисти Дино Имери, кој ќе ги изведе познатите „Фантазија на унгарски фолклорни теми“ и „Танц на смртта“, од унгарскиот пијанист и композитор Франц Лист.