ПССЕ бара утврдување на правилата за обврските на онлајн медиумите

27.01.2017 11:06

Државите-членки треба да дискутираат за стандардите и механизмите за спречување на нарушување на информациите и манипулација на јавното мислење.

Парламентарното собрание на Советот на Европа  бара да бидат утврдени правилата за обврските на онлајн медиумите и новинарите.

Државите-членки треба да дискутираат за стандардите и механизмите за спречување на нарушување на информациите и манипулација на јавното мислење.

Според резолуцијата, радиодифузниот сервис треба со техничките можности на онлајн-медиумите да осигура дека присуството на интернет ги почитува редакциските упатства исто како и за содржините кои не се на интернет.