Словенија ќе ги запира мигрантите без можност за молба за азил
27.01.2017 11:21
Таква мерка е прифатена и во Австрија и во Унгарија. Во 2015 година пред затворањето на Балканската рута, Словенија беше транзит на околу 500.000 мигранти.

Словенечкиот парламент донесе нацрт-закон за запирање на мигранти на границата со Хрватска без да им даде можност да поднесат молба за азил. Мерката беше одобрена со 47 против 18 пратенички гласа.
Таква мерка е прифатена и во Австрија и во Унгарија. Во 2015 година пред затворањето на Балканската рута, Словенија беше транзит на околу 500.000 мигранти.
Хрватско-словенечката граница е долга 670 километри, а Љубљана подигна заштитна ограда на речиси две третини од неа.
