Поранешен јавен правобранител загина кај Стоби
Велешанецот, Никола Димов, поранешен Јавен правобранител, изутрината загина...

Велешанецот, Никола Димов, поранешен Јавен правобранител, изутрината загина во сообраќајната несреќа која се случи на автопатот Неготино - Велес, кај месноста Летиште, во непосредна близина на археолошкиот локалитет Стоби.
Случаен минувач ја информирал полицијата за несреќата. Јавен обвинител и полицијата направија увид.
СВР Велес излезе со соопштение во кое се вели дека сеуште се непознати причините поради кои Димов изгубил контрола над автомобилот, излетал од коловозот и се превртел со возилото во кое немало сопатник.
Димов беше семеен човек. Долги години работеше како Јавен правобранител за Велес и Неготино, откако беше разрешен, тој работеше како адвокат.
Дијана Иванова
