Успешна акција на руските и турските сили во Сирија

27.01.2017 12:24

Руското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата била изведена со одобрување на сириските власти. Во операцијата учествувале руски и турски борбени авиони. Од 18-ти јануари кои уништиле околу 60 цели на терористите.

Русија и Турција спровеле заедничка воздушна операција во сирискиот град Ал Баб, откако размениле податоци за целите на т.н. Исламска дражава. Во акцијата биле уништени три командни центри и неколку упоришта на исламистите.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата била изведена со одобрување на сириските власти. Во операцијата учествувале руски и турски борбени авиони. Од 18-ти јануари кои уништиле околу 60 цели на терористите.

Воздушните сили на Руската Федерација и на турските воздушни сили извеле заеднички напади на 18-ти, 21-ви и 26-ти јануари.

Во соопштението на Министерството за одбрана на Русија се наведува дека како резултат на нападите во близина на населената област Ал Баб, во провинцијата Алепо, биле уништени магацини со оружје и за гориво, како и група екстремисти со оклопни транспотери.

Рускиот министер за надворшени работи, Сергеј Лавров, се сретна со членови на сириската опозиција за да ги информира за резултатите од преговорите во Астана и за да разговара за евентуално помирување.

„Сметаме дека настаните во Астана се многу важни, ги гледаме како нов чекор кон обидите за регулација на состојбата, бидејќи во процесот сега се вклучени и членови на вооружената опозиција. Обидите за политичка регулација ќе бидат придонес кон главните сириски преговори за Сирија во Женева под раководство на ОН“, изјави Лавров.

Во меѓувреме, продолжуваат борбите меѓу сириските бунтовници помогнати од Турција и борците од Исламска држава во селото Ал Суфланија како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“  во градот Ал Баб. Бунтовниците претходно објавија дека имаат контрола над ова село. Операцијата е покрената на северот од Сирија и има за цел неутрализирање на заканата и зајакнување на безбедноста  во сириско-турската погранична област. Од почетокот на операцијата животот го загубиле десетици турски војници.

 

Марина Автовска