Одложено судското рочиште по тужбата за клевета на Ахмети и Џафери против Богоевски
Богоевски и неговата одбрана тврдат дека исказот го дал во судска постапка за претставниците на Американската Комисија за хартии од вредност и Њујоршкиот суд во врска со случајот „Маѓар телеком“ и дека судот е стварно и месно ненадлежен.

Се одложи судското рочиште по тужбата за клевета на Али Ахмети и Муса Џафери, против поранешниот разузнавачот Слободан Богоевски. Богоевски и неговата одбрана тврдат дека исказот го дал во судска постапка за претставниците на Американската Комисија за хартии од вредност и Њујоршкиот суд во врска со случајот „Маѓар телеком“ и дека судот е стварно и месно ненадлежен.
Судот ги задолжи застапниците на тужителите Ахмети и Џафери, да ги обезбедат адвокатката и нотарот во чија канцеларија, како што тврдеа, бил даден исказот и да ја прибават оригиналната изјава на Богоевски до следното рочиште, закажано за 25-ти мај.
