ДУИ попладнево ќе решава за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ
Вчера, за една телевизија, градоначалникчата на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, изјави дека покрај двојазичноста и продолжувањето на мандатот на Специјалното Јавно обвинителство, во ДУИ сметаат дека во новата Влада не треба да бидат назначени функционери, против кои, СЈО повело постапка.

ДУИ попладнево на претседателство во тетовска Мала Речица ќе решава за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Владата на Република Македонија.
Вчера, за една телевизија, градоначалникчата на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, изјави дека покрај двојазичноста и продолжувањето на мандатот на Специјалното Јавно обвинителство, во ДУИ сметаат дека во новата Влада не треба да бидат назначени функционери, против кои, СЈО повело постапка.
На 29-ти јануари истекува рокот за формирање на Влада на мандатарот Никола Груевски.
