Во Аеродром ќе се градат четири нови улици
Објавен е тендер за изградба на четири нови улици во Стар Аеродром. Се работи за улиците „Пандил Шишков“, „Вангел Тодоровски“ и уште две новопроектирани улици со вкупна должина од околу 800 метри со широчина од седум метри. Предвидена е изградба на атмосферска и фекална канализација, целосно ново осветлување и нови тротоари...

Општина Аеродром од сопствени средства ќе гради четири нови улици во Стар Аеродром со вкупна должина од 800 метри, а заедно со Град Скопје ќе се пробива и реконструира булеварот „Васко Карангелевски“, најавија на денешната заедничка прес-конференција градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
Објавен е тендер за изградба на четири нови улици во Стар Аеродром. Се работи за улиците „Пандил Шишков“, „Вангел Тодоровски“ и уште две новопроектирани улици со вкупна должина од околу 800 метри со широчина од седум метри. Предвидена е изградба на атмосферска и фекална канализација, целосно ново осветлување и нови тротоари. Со изградбата значително ќе се подобрат условите за живеење на граѓаните на општина Аеродром и ќе се подобри инфраструктурата во општината, изјави Коневски.
Посочи дека средствата се обезбедени од буџетот на општина Аеродром и дека проектот е предвидено да почне во месец март и да заврши до месец јуни годинава.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, рече дека булеварот „Трета Македонска бригада“, кој е во делот на Стар Аеродром, ќе биде реализиран во текот на месец април годинава.
