МОН објави конкурс за субвенционирање научни трудови
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска на прес-конференција соопшти дека ќе се субвенционираат трудови во шест области: природно-математички науки, техничко-технолошки, медицина и здравство, биотехнички науки, општествени и хуманистички науки.

Министерството за образование објави конкурс за доделување на 300 еднократни субвенции за поддршка на објавени научно- истражувачки трудови на домашни автори во меѓународни списанија со фактор на влијание. Аплицирањето трае до 24-ти декември 2017-та.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска на прес-конференција соопшти дека ќе се субвенционираат трудови во шест области: природно-математички науки, техничко-технолошки, медицина и здравство, биотехнички науки, општествени и хуманистички науки.
Ристовски апелираше до научните работници и установи доколку ги исполнуваат условите од конкурсот да ја искористат оваа можност.
Еднократните финансиски средства во износ од 30.000 денари за оваа намена МОН почна да ги доделува од 2012 година. Меѓу субвенциите што досега се доделени, доминираат за трудови од областа на медицината и техничките науки.
