Изготвена нова стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци

27.01.2017 14:32

Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, ќе се олесни пристапот, споделувањето, употребата и дистрибуцијата на стандардизирани просторни податоци и услуги на ефикасен, ефективен и усогласен начин.

Македонскиот и холандскиот катастар го завршија петмесечниот заеднички проект, кој имаше за цел земјава да добие нова стратегија за национална  инфраструктура на просторни податоци, како и да добие препораки за модернизација и автоматска продукција на топографски карти.

Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, ќе се олесни пристапот, споделувањето, употребата и дистрибуцијата на стандардизирани просторни податоци и услуги на ефикасен, ефективен и усогласен начин. Целта е да се одговори на потребите на приватниот и јавниот сектор и на граѓаните, а со тоа да се придонесе за економски раст и одржлив развој на државата.

10-годишната успешна соработката меѓу двата катастра продолжува со нов двогодишен проект .