ДЗС доби опрема за справување со поплави- донација од САД
Опремата се состои од специјални водотпорни одела, чизми, рефлектори и заштитни маски со филтри и лампи кои ќе им помогнат на припадниците од Дирекцијата да ги минимизирааат штетите предизвикани од евентуални поплави.

Американската амбасада во Македонија и донираше опрема на Дирекцијата за заштита и спасување во вредност од 30.000 американски долари за справување со евентуални поплави и други непогоди.
Опремата се состои од специјални водотпорни одела, чизми, рефлектори и заштитни маски со филтри и лампи кои ќе им помогнат на припадниците од Дирекцијата да ги минимизирааат штетите предизвикани од евентуални поплави.
Според одговорните од Дирекцијата, заедно со помошта од другите земји се заокружува процесот на опремување на силите кои спасуваат човечки животи и заштита на материјалните добра од уништување во евентуални природни непогоди.
