Кооперантите на „Струмица табак“ ги раскинуваат договорите

27.01.2017 14:47

Откупот на тутунот влегува во завршна фаза. Родот е квалитетен, се постигнува цена од 193 денари. Тутунот во целост ќе им биде откупен и на 3.500 кооперанти на струмица табак која отиде во стечај. Тутунарите поднесуваат барања за прекин на договорите, но докумемтите мора да ги достават и до поранешниот откупувач за да го остварат правото на субвенции.

Околу 3.500 македонски тутунари ги раскинуваат договорите со „Струмица табак“ и родот од 3.300 тони го предаваат во три компании кои се обврзаа да го преземат. „Струмица табак“ е во стечај, но на тутунарите целосно ќе им биде откупен родот. Барањата веќе ги доставуваат до Министерството за земјоделство.

За договорите да бидат раскинати од двете страни, тутунарите мора да ја известат „Струмица табак“. Од Сојузот на тутунските здруженија потсетуваат - само така ќе се оствари правото на субвенции.

Откупната кампања влегува во завршна фаза. Од околу 20.000 тони останува да се преземат уште 2.500 тони тутун. Родот е квалитетен, се постигнува цена од 193 денари за килограм.

Според ова темпо, откупот на тутунот ќе заврши до половината на февруари, речиси еден месец пред законскиот рок.

 

Елизабета Митреска