Наивноста на младите- причина за злоупотреба на приватноста
80 насто од претставките за злоупотреба на личните податоци се однесуваат на создавање лажни профили од трети лица. Малолетниците во најголем број случаи непромислено, онлајн го крадат идентитетот на други корисници и го злоупотребуваат за сопствени цели, велат во надлежната Дирекција. Има отворена постапка и за последниот случај за објавувањето на идентитетот на студентите од Машинскиот факултет.

Зголемен тренд на злоупотребата на личните податоци и приватноста на социјалните мрежи. 80 насто од преставките на адреса на Дирекцијата се од граѓани за кражба на идентитет при креирање лажни профили или за хакирање на веќе постоечкиот Фејсбук. Најзагрозена група- малолетниците. Наивно и со голема отвореност ја откриваат приватноста, објавување фотографии и информации што злоупотребуваат и во меѓународни рамки- предупредуваат надлежните. Наскоро ќе се знае за кои цели јавно се објавени или злоупотребени личните податоци на студенти од Машинскиот факултет. Инспекцискиот надзор е во заршна фаза- вели директорот Горан Трајковски.
Граѓаните мора сами да внимаваат каде ги доставуваат и објавуваат личните податоци и својата приватност- нема надлежни органи кои целосно може да контролираат и да ја гарантираат заштитата на идентитетот, вели народниот правобранител. На адреса на оваа институција била доставена преставка од вработен на клиникте кој сметал дека работодавацот без процедура и основаност му ги бара личните податоци.
Се подготвува нов закон по европски терк, ќе се зајакнува позицијата на офицерите за заштита, ќе се формираат специјализирани компании што ќе вршат услуги во насока на заштита на помали субјекти што немаат капцитет во свои рамки- посочуваат надлежните од Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Сузана Фиданска- Стоевска
