Австрија несебично ги поддржува македонските евроинтеграции!
06.02.2014 12:12
Вицепремиерот Фатмир Бесими се сретна со екс-министерот на Австрија ...
Вицепремиерот Фатмир Бесими се сретна со екс-министерот на Австрија за надворешни работи и сегашен претседател на Француско-австрискиот центар за приближување во Европа, Петар Јанкович.
На средбата била потенцирана одличната соработка меѓу двете земји и поддршката која што Австрија континуирано ја дава на Македонија. Австрија е еден од важните партнерти на Македонија на патот кон евроатланските интеграции.
Во изминатиот период од 1996-2012 Австриската агенција за развојна соработка има обезбедено над 40 милиони евра развојна помош за областите од животната средина, енергетика и вработување.
Јанкович истакнал дека европската перспектива продолжува да претставува важна опција за мир, развој и стабилност во регионот Западен Балкан.
Лидија Чакар
