Мерките за отворање нови работни места даваат резултати

27.01.2017 16:26

Има дефицит од стручен кадар, најмногу недостасува кај странските компании- заклучок од Конференцијата за младински политики. Надлежните велат дека мерките за отворање нови работни места даваат резултати. Најавуваат дека ќе се работи на профилирање на работници кои се потребни на пазарот.

Во изминатите 10 години во земјава се отворени речиси 7.000 бизниси, 35 насто од млади преку мерката за самовработување. Надлежните велат дека проектите даваат резултати. Бројките покажале дека невработеноста во главниот град паднала за 49,7 проценти, а вработеноста растела за 39,8 насто. Најважни критериуми за вработување се стручноста, амбициозноста и компетентноста на младите, велат од Агенцијата.

Македонија вработува 1, отвори вработувања за 18.900 лица, а Македонија вработува 2 за преку 4.200. Двата проекта беа иницирани со првиот законски проект „Вработување млади лица до 29 години“ кој на работодавците, првпат им овозможи да вработат млади до 29 години“, вели Слободанка Алексовска, раководител на Центарот за вработување- Скопје.

Средно стручно образование по теркот на бизнис- заедницата, кариерно советување и обуки- ова се потребите на младите за побрзо да стигнат до работно место, заклучок од Конференцијата за младински политики. Од коалицијата „Сега“ велат дека има дефицит од стручен кадар кој најмногу недостига кај странските компании.

„Неоходно е да се синхронизира образовниот систем со потребите на бизнисот за да не се продолжи со понатамошно генерирање кадар кој не е адекватен со потребите на работодавцие“, изјави Зоран Илиески.

На конференцијата беа дадени предлози како уште повеќе да се подобрат мерките и политиките за вработување на младите луѓе.

 

Викторија Милевска