Сообраќајот се одвива тековно, можна појава на голомразица
29.01.2017 09:54
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Сообраќајот на патиштата во државата се одвива во зимски услови и по наместа влажни коловози. Можна е појава на гломразица поради ниските утрински температури, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
