15 милиони денари за атмосферска канализација во Виница

06.02.2014 12:24

Во програмата за годинава во Општина Виница се планирани за реализација повеќе комунални зафати...

Во програмата за годинава во Општина Виница се планирани за реализација повеќе комунални зафати. Општината ќе гради атмосферска канализација, со што ќе се реши проблемот на граѓаните посебно од улиците во централното градско подрачје,бидејки при поројни дождови тоа редовно се поплавува.
 
Изградбата на нова атмосферска канализација во Виница ќе чини 15 милиони денари, а градежните работи ќе се одвиваат на двете најзначајни собирни улици во градот,по што атмосферската вода ќе биде насочена кон Градечка река.
 
Киро Герасимов