Почнува екстерното тестирање на 18.600 матуранти

30.01.2017 09:52

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7-ми февруари. Се проверува постигнатиот успех на учениците, со што дополнително се утврдува и објективноста во оценувањето на професорите...

Од денеска до 3-ти февруари се спроведува екстерното тестирање за матурантите. Тие ги добија предметите по кои ќе бидат оценувани. Распоредите се објавени на огласните табли во сите училишта.

Екстерното тестирање се однесува на 18.600  матуранти. Промената во датумот на одржувањето на тестирањата е поради одлуката за продолжување на зимскиот распуст.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7-ми февруари. Се проверува постигнатиот успех на учениците, со што дополнително се утврдува и објективноста во оценувањето на професорите- велат во Државниот испитен центар.