ВМРО-ДПМНЕ: Со нови избори се надминува политичката криза
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение информира дека договор за коалицирање со ДУИ не е постигнат.

Нема договор за формирање нова Влада. ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение информира дека договор за коалицирање со ДУИ не е постигнат.
„ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план“, велат од партијата и додаваат дека секое друго решение само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми, во и онака поделеното општество, и нема да биде во функција на одржливост и остварување на било чии програмски цели.
ВМРО-ДПМНЕ останува на заложбите искажани во прогласот на оваа партија, објавен на 17-ти декември.
