Намален бројот на мигранти во транзитниот центар „Винојуг“

30.01.2017 10:32

Надлежните велат дека мигрантите преку Грција сакале да се вратат дома, но голем број од нив изразиле надеж дека ќе најдат нов пат до земјите членки на ЕУ, пред сѐ до Германија.

Бројот на мигранти кои останаа во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ по затворањето на „Балканската рута“ изнесуваше 240, а денеска тој број е под 70 поради постепеното нивно одлевање и неодамнешното заминување на поголема група мигранти, соопштија денеска од Центар за управување со кризи на Гевгелија.

Надлежните велат дека мигрантите преку Грција сакале да се вратат дома, но голем број од нив изразиле надеж дека ќе најдат нов пат до земјите членки на ЕУ, пред сѐ до Германија.

Грижата за оние кои останаа во Гевгелија е постојана и секојдневна. Од РЦУК Гевгелија нагласуваат дека во кампот се обезбедени сите услови за згрижување на мигрантите во зимски услови.