Брисел: Одговорност од сите субјекти
Пртпаролката на ЕК соопшти дека се очекува претседателот во согласност со Уставот да повика итни и отворени разговори со политичките сили во државата и да ја довери задачата на оној кој може да најде заеднички јазик за формирање стабилна, црвста и одоговорна коалиција...

Бараме одговорност од сите субјекти во земјата. Ова на денешната прес конференција во Брисел го изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
„Забележавме дека сѐ уште не е постигнат договор за формирање влада. Ги повикуваме сите политички актери, вклучувајќи го и претседателот, да постапуваат на конструктивен начин и одговорно во насока на разрешување на моменталната ситуација. Земјата нема време за губење. Очекуваме претседателот во согласност со Уставот да повика итни и отворени разговори со политичките сили во државата и да ја довери задачата на оној кој може да најде заеднички јазик за формирање стабилна, црвста и одоговорна коалиција“, изјави Коцијанчич.
