Иванов: Дејствување согласно членот 90 од Уставот

30.01.2017 15:08

Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот, Собранието е должно да го извести претседателот, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада...

По добивање официјално известување од Собранието на Република Македонија, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии, велат за МИА од Кабинетот на шефот на државата.

Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот, Собранието е должно да го извести претседателот, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада, е став од Кабинетот на македонскиот претседател.